UK EN
MK MK
AL AL
:: home Home :: contact Contact ::
please choose your language
 
About Us
Strategic Aim
ID of the CDI
CDI Structure
Collaborators
CDI Publications
Documentary movies
Youth Program
Capacity Building
Economic Development
Project Activities
Sponsors
 
 

Програма за лидерство

1. Цел

Целта на програмата е да ги зајакне капацитетите, да изгради социјална инфраструктура, и да овозможи вмрежување на припадници на народ/етничка заедница кои живеат во малцинство во тетовскиот регион. Преку презентации, дискусии и размена на искуства и гости на програмата, учесниците на програмата ќе имаат можност да се стекнат со знаење кое што ќе им овозможи активно да учествуваат во процесот на донесување на одлуки кои го засегаат народот/заедницата на која што припаѓаат.  Со тоа ќе се охрабарат активно да се вклучат во работата на политичките партии, здруженија на граѓани или неформлани групи.

2. Целна група

Целната група се 15 лица помеѓу 20 и 26 години кои живеат во тетовскиот регион и кои што според својата етничка припадност се малцинство во тетовскиот регион.

3. Основни предуслови за учество

Потенцијалните кандидати покрај ограничувањето по возраст, треба да имаат напредно познавање на компјутерски програми и интернет, познавање на Англискиот јазик. За предност ќе се смета доколку активно учествуваат во работа на здруженија на граѓани, медиуми, политички организации или други неформани групи.  Пожелно е кандидатите да направат мало истражување за моменталните состојби и предизвици на немнозиснките заединици во Тетовоскиот регион.

4. Начин на аплицирање и селекција

Сите заинтересирани може да ја превземат апликацијата или да конкурираат по електорнски пат на следниве интернет страници: www.mic.org.mk  и  www.vivatetovo.com . Предност ќе имаат оние кои ги исполнувата предуслови наведени погоре. Пожелно е да се приложи и писмена препорака од раководителот, претседателот/директорот на институцијата доколку негде  членувате или сте вработени. Конкурсот е отворен до пополнување на слободните места и секоја апликција ќе се разгледува посебно, веднаш по пристигање.

5. Организација на програмата

Учесниците ќе бидат организирани во една група од 15 лица. Програмата трае 20 часа, и секоја сесија трае приближно 120 минути со кратка пауза. Сесијата  може да трае и подолго доколку има потреба од тоа. Сесиите ќе се одржат во просториите на ИРЗ-Тетово или на друга соодветна локација. Мапата како да дојдете до ИРЗ-Тетово може да ја најдете на следната интернет страница: www.mic.org.mk.

6. Трошоци за учество во програмата

Трошоците за реализација на програмата ќе бидат надокнадени од страна на ИРЗ-Тетово и за тоа нема добиено финансиска поддршка од други организации/институции. ИРЗ ќе обезбеди соодветна просторија, канцелариски материјали и освежување за учесниците.

7. Организатор на програмата

Организаторот на програмата е ИРЗ-Тетово www.mic.org.mk. Предавачи на програмата  се искусни лица со долгогодишно искуство во развојни програми. Гости на програмата може да бидат поранешни и сегашни амбасадори од/во Република Македонија, поранешни пратеници и членови на Влада на Република Македонија, финансиски аналитичари. Повеќе за предавачите и гостите на програмата може да дознаете во продолжение. Конечната листа ќе биде дополнително објавена. Лице задолжено за спроведување на програмата: Сретен Коцески. Контакт детали: канцеларија 044-340-677; Е-маил: mic_sreten@yahoo.com

 

8. Одложување или прекин на програмата

Програмата ќе почне со реализација откако сите 15 места ќе бидат пополнети. Доколку во текот на програмата интересот за учество се намалува и бројот на посетители е намален под 8 лица, во тој случај програмата може да биде одложена или прекината.

9. Временска рамка

Предвиден почеток на програмата: 25 Октомври 2009 година
Предвидено завршување на програмата: 15 Декември 2009 година

 

10. Време на одржување на сесии

Сесиите ќе бидат одржувани во работни денови, во деновите Вторник, Среда или Четврток. Постои можност за отстапување доколку за тоа се согласат учесниците и гостите на програмата. Сесиите ќе почнуваат во 18 часот и ќе траат највеќе 120 минути со пауза помеѓу нив. Динамиката на одржување на сесиите ќе се утврди дополнително.

11. Начин на организирање на сесиите и дискусиите со гостите

Сесиите и дискусиите со гостите се предвидени да бидат интерактивни, со можност за прашања и одговори. На почетокот гостите можат да дадат многу кратко излагање за темата на која што е на дневен ред, и потоа да се продолжи со дискусија.  Гостите не би требало да се осврнуваат многу на своето минато, бидејќи тоа би било наведени во нивните кратки биографии.


12. Предлог програма – почетен степен

Теми кои ќе се опфатат со програмата:

  • Местото и улогата на здруженијата на граѓани и положбата и статусот на немнозиснките заедници.
  • Политичките партии и нивниот однос кон немнозинските заедници во тетовскиот регион – дискусија.
  • Идентификација на проблеми и потреби. Развој, дизајнирање и пишување на проекти. Пристап кон донатори.
  • Соработки со локалните власти и медиумите за прашања сврзани со немнозински заедници. Партнерство и градење на коалиции.
  • Искуства од соработка со меѓународни меѓувладини организации и институции. Искуства од други соседни држави.
  • Комисии за односи меѓу заедниците – презентација и дискусија.
  • Стратешко планирање
  • Лобирање
  • Организирање кампања.
  • Медиумите и немнозинските заедници
  • Локален економски развој
  • Други теми – дополнително ќе бидат утврдени во консултација со учесниците.

Секоја од темите ќе се обработуваат на посебни сесии. Измени се можни во договор со учесниците.

ПРЕВЗЕМИ АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ТУКА

 

13. Предавачи и гости на програмата

  1. Сретен Коцески  - види кратка биографија тука
  1. Димче Јосифовски
  1. Заге Филиповски - види кратка биографија тука
  1. Поранешни пратеници, поранешни членови на владата на РМ, амбасадори, во договор со учесниците.

 

 

 
Services offered
by CDI
 





 
 
Supported by:
TE municipality
Council of Europe
peacebuildres int. logo
 
 
Tetovo Municipality
FRESTA