Асоцијација за промоција за техничко образование и наука

Народна Техника - Тетово (АПТОН)

   
 

 
 
 
 
 
 
 
 

Асоцијација за промоција за техничко образование и наука – Нова  Народна Техника-Тетово (АПТОН) е сојуз на здруженија со посебни овластувања добиени од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија, со цел  да се развие техничката култура и наука кај младите и да се поттикнат на стекнување на нови знаења. Програмите на АПТОН-ННТ како и на Републичкиот сојуз се финансиски поддржани од буџетот на Република Македонија преку Министерството за образование и наука.

 

АПТОН-ННТ е членка на Сојузот на здуженија на техничка култура на Република Македонија (СЗТКМ) во чии што рамки се организираат следниве активности:

1.Смотра на младите техничари и природници за ученици од 5 до 8 одделение од основно образование

 

2.Смотра на млади истражувачи за ученици од 1 до 4 година од средно образование

Двете смотри претставуваат традиционални манифестации кои имаат за цел да се шири научно техничката култура меѓу младите, откривање на надарените ученици кои пројавуваат интерест, поттикнување на младите кои се занимаваат со техника, наука, стекнување на нови знаења и вештини како и развивање на другарство и меѓусебно комуницирање.

 

 
©2008 Narodna Tehnika - Tetovo (APTON)