- Смотра на млади техничари и природници
На смотрата на младите техничари и природници за ученици од основното образование се застапени 21 област од природните и технички науки:
- Агротехника
- Астрономија
- Астронаутика,
- Бродомоделарство,
- Воздухопловно
- Моделарство,
- Градежништво и архитектура
- Екологија
- Електроника
- Кино и видео техника
- Компјутерска техника
|
- Применета биологија
- Променета географија
- Применета математика
- Применета физика
- Применета хемија
- Радио техника
- Ракетно моделарство
- Сообраќајно моделарство
- Фото техника.
- Конструкторство
- Метореологија
|
- Смотра на млади истражувачи
Младите истражувачи од средно образование имаат можност да презентираат резултати од научно истражувачки дејности од областа на прирoдните науки и тоа:
- Астрономија
- Биологија
- Географија
- Информатика
- Математика
- Физика
- Хемија
|
како и нивната примена во:
- индустријата
- енергетиката
- сировинската база
- производството на храна
- комуникациите
|
Процедурата на селектрање на кандидати за смотрата на младите техничари и природници е следна:
-
Клубски смотри - тие се организираат од страна на АТОН-ННТ-Тетово во домот за техничка култура и училиштата и право на учество имаат сите ученици
- Регионални смотри - како резултат на од клубските смотри, се организира региоанлана смотра на која се формираат екипи од 21 натпреварувач
- Државна смотра - на државната смотра се натпреварува екипа од регионот со 21 натпреварувач
Организатор на смотрите се: Сојузот на здуженијата за техничка култура на Македонија-Народна техника, Сојузот на клубовите на младите техничари и природници на Македонија, еден од центрите за техничка култура кој припаѓа во регионот, Сојузот на наставниците и професорите по техничко образование и Општинскиот сојуз на здруженијата за техничка култура (ако е домаќин на смотрата).
Смотрите се одржуваат во втората половина на месец Мај 2008 година и за точниот датум ќе бидете дополнително информирани.
Заитересираните кандидати можат да се пријават во просториите на АПТОН-ННТ, Тетово кои се наоѓаат на ул. ,, Љубо Божиновски Пиш‘’ бр. 82 во Тетово. Доколку Ви се потребни дополнителни инфромации Ве молам да контактирате со нас на телефон: 044-340-677